БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак: ДЕНОТ НА ПРОМЕНИТЕ

Пренеси го гласот

На 26-ти Мај, односно пред некој ден беа изборите за евро пратеници. Завршија со афирмација на десничарските партии во своите држави и по некој процент плус на страната на зелените и за жал на либералите. Социјал демократите ширум Европа секаде испија по неколку голтки пелин и беа скоро брутално казнети за нивната лоша политика. Клучни победи за прекројувањето во Европа ќе бидат победите на Орбан, Ле Пен, Фараж и Салвини кои сметам дека треба да си направат коалиција, бидејќи другото според мене се е гола вода како и целата коалиција ЕПП, која одамна е позиционирана центар-десно, а тоа центар-десно знаеме од искуство дека не ја брка работата. Многу веројатно, по одличните резултати, во земјите каде што не се на власт десничарите ќе се распишат предвремени парламентарни избори и многу скоро ќе си оформат свои влади.

Бидејќи гледам сите македонци силно ги прославија победите на десничарските партии на овие избори, не би сакал да го расипувам славјето, но реалноста говори нешто друго. Во однос на прашањето со името и договорт од Преспа, дали биле левичарите или десничарите на власт во Европа, да ви кажам право, та на првите, та на вторите му е гајле за нас. Проблемот тие го гледаат бинарно, или народно кажано кец-нула. Навистина никој не го интересира тоа што ние сме обесправени во тој договор. Според нив ние сме имале шанса да се договориме, не сме се договориле квалитетно, тоа е тоа, тука завршува расправијата. Второ, датум за пристапни преговори за во ЕУ нема да има, а во однос на влезот на Македонија во ЕУ, мислам дека тоа прашање треба да се закопа едно добри 15 години да одлежи во земјата. А пак влезот во НАТО, кој според мене е апсолутно непотребен и штетен, ќе се случи кон крајот на Јануари 2020 година, ако нешто не искрсни со Грција, со Турција, или нешто сосема трето и непредвидено. Новата европска комисија не очекувам да се оформи до Октомври.

Ај доста сега со гатанки и бајки.

Браќа и сестри, Европа нас не не сака. Европа не не сака уште од солунските атентати, а скрос не избриша после Марсеј и ликвидацијата на Луј Барту во 1934 година. Затоа би ве замолил да не славите и да си трошите енергија на нешто што нема ништо добро да и донеси на нашата држава. Можеби за одредени поединци во политиката оваа ситуација ќе донеси позитива, но дека нешто ќе се промени драстично, јас лично, за жал не очекувам, а немојте ни вие.

Друго што сакам да ве замолам е да не ги славите промените во СДСМ, бидејќи тоа се внатрепартиски маневри кои исто така за државата нема ништо да придонесат. Чисто се сомневам дека разрешувањето на Цветанка Ласкова ќе донеси нешто добро за Македонија. Се додека тие лица, кои пред неколку дена беа разрешени од партиските функции, не бидат комплетно дистанцирани од државните функции и македонската политика, ние македонците немаме причина за славење.

Денот на промените во Македонија ќе дојди само тогаш кога сите ние како македонци ќе се обединиме строго околу нашите државни интереси, околу интересите на македонскиот народ и сите граѓани на Македонија. Денот на промените ќе дојди кога ние еднаш за секогаш ќе раскрстиме со корумпираните функцинери и политичарите криминалци. Ќе има промени тогаш кога ќе почниме да работиме на инфраструктурата, кога ќе почниме да работиме на јакнење на енергетскиот и економскиот систем и кога ќе почниме да се грижиме за земјоделието и земјоделските производи. Промените ќе стигнат кога ќе почниме да носиме вистински странски инвестиции, а не имагинарни творби во главите на министрите на СДСМ. Дефинитивно ќе има промени тогаш кога ќе го развиеме туризмот низ сите наши славни планини, реки и езера, антички локалитети, градови, села и т.н.

bregalnickimarketing

Ете тогаш браќа и сестри ќе речам: Ова е денот на промените, сега славете, а од утре пак на работа.

П.С. Десно и Центар-Десно, не е исто !!!

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот