Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Виктор А.К.А. Башлак: Комичарите и дворскиот шут !!!

Пренеси го гласот

Во медиумите се појавија разговори помеѓу премиерот Зоран Заев и комичарите, наречени Вован и Лексус, кои се случиле пред околу една година.

Имено, руските комичари успеале дури три пати да разговараат со Зоран Заев и да му се претстават како : Петро Порошенко и Јан Столтенберт.

Зоран Заев тврди дека бил жртва на неговата достапност, но јас мислам дека единствено на што тој самиот е жртва е неговата сервилност кон надворешните фактори, наивност и дефинитивно дипломатската неписменост. Без протокол, без никаква потврда за повикот и без никаква претходна најава дека такви телефонски разговори ќе се случат, Зоран Заев разговара скоро еден час со “Петро Порошенко” и со “Јан Столтенбер” и притоа оддава државни тајни за што постои кривично дело кое според став 4 се казнува дури и небрежноста која тука ја има за извоз.

Доколку се тргуваше со небрежноста, Зоран Заев од овој случај ќе извлечеше неколку милиони евра.

И не е толкав проблем тоа што наседнал, проблемот е што наседнал три пати во текот на една година и врз тие разговори креирал политика и државна стратегија. Многу сериозно.

После обелоденувањето на овие разгови и според содржината на истите и се она што успеав да слушнам од Зоран Заев, како лесно објаснува и прераскажува за ситуацијата во Македонија, во соседните земји и тн. можам да им честитам на комичарите, кои сигурно се неискусни дипломати, за се она што успеаа од Зоран Заев да извлечат.

Кога едни комичари, неискусни дипломати, успеваат од Зоран Заев да извлечат информации од државен карактер, тогаш ми станува многу појасна сликата како искусните дипломати од ЕУ, Бугарија и Грција го убедија Зоран Заев и Никола Димитров, да го сменат името на државата, да се откажи од малцинставата во соседните и другите држави, со тоа да го укинат народот македонски, да ја распродаат историјата и на крајот да останат со прстот во уста. Па толку силно го изиграа искусните дипломати што дури ни датум за пристапни преговори ни му дадоа.

Кога сме кај датумот за пристапни преговори.

bregalnickimarketing

Кога ќе направам една паралела помеѓу разговорите со руските комичари и ланската слика од авионот, со славенички кренатите палци за наводниот датум за почеток на пристапните преговори, се ми се чини дека и тоа е масло на русиве, сигурно тие му јавиле … Останува да видиме.

Можиме сега само да си замислуваме какви се не разговори има водено со Google и Facebook и нивните мегаломански инвестиции. А гарантирам дека и на царина имаме некој комедијант кој му јавил телефонски на Зоран Заев дека на граница чекаат џиновски компании да влезат после промената на името.

Дипломатијата не се учи во мариовските села. А очигледно е дека, премиерот и сите околу него, ја немаат ни таа мариовска школа. Доколку би ја имале, ќе се сетеле да ги проверат “Порошенко” и ”Столтенберг”.

Но како и да е, комичарите го искористија бриселскиот дворски измеќар за да направат еден одличен комичен перформанс. Само жалосно е што тој дворски шут ни се падна нас да ни биди регент, намесник, управник, квинслинг за надворешни, странски окупаторски потреби.

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот