БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак, Пак не разбравме !!!

Пренеси го гласот

Поминаа неколку дена од фамозната парада на гордоста. Зошто е насловот баш таков, зошто не е едноставно парада ете не знам, а исто така за мене форма прашална останува и тоа на што се горди присутните и учесниците на таа парада ?

Како што разбравме таму беа присутни лица кои се залагаат за истополови бракови, истополова љубов, а од флаерот како што видовме тие се залагаат и за љубов помеѓу малолетници и полнолетници, што би дошло во превод, залагање за легализирање на педофилијата. Конкретно на флаерот што го коментирам, меѓу другото  пишуваше “Love is love not age 10-36 ” што навистина кај мене и кај многу други предизвика гадење. Но она што ми дава малку сатисфакција е тоа што цело раководство на актуелната власт беше присутно на парадата со знаменца, онака кејфлисани, што самото посебе ми дава знак дека сум позициониран на вистинската страна: Штом тие лево ке појдат, јас десно да фатам !

Колку се горди родителите на тие кои присуствуваа таму на таа парада е уште едно прашање, а нешто што беше потенцирано од парадерите беше тоа дека дошло време еднаш за секогаш да сме престанеле со поделбите, а збора на се и не пропуштија еден локален геј да облечат во народна носија и да ја осквернават и таа наша македонска светиња со која се разликуваме од светот.

Околу ова дека дошло време  да се престани со поделбите јас би  цитирал еден дел од говорот на Зоран Заев од предизборната кампања на минатите локални избори, говор одржан во Прилеп, тој вели: “Ајде мајката !?”. Сакате да не се делиме а ?

Епа неможи да нема поделба мои драги отпаднати браќа и сестри.

Ако воопшто постои некоја основа по која треба да се поделат луѓето тоа сигурно е подеблата на добри луѓе и лоши луѓе, односно, поддржувачи на доброто и поддржувачи на лошото.

Ако олицетворението на доброто, на љубовта, покајанието и простувањето, мирот и толеранцијата е самиот спасител Господ Исус Христос, тогаш олицетворение на злото е ѓаволот. Доброто и лошото не одат никогаш под рака па така секој човек мора да се определи која страна ќе ја завземи.

Во Саботата во Скопје, со гордост маршираа оние кои го отфрлија целиот концепт на Исусовото учење и со самото тоа гордо застанаа на страната на злото и побараа негово озаконување.

bregalnickimarketing

А ние со гордост во Неделата, марширавме низ Широк Сокак за зачувување на традиционалното семејство, бидејќи ние сме на страната на традицијата, религијата и татковината, ние сме на страната на Господовото учење за љубовта, мирот, толеранцијата, простувањето, покајанието и спасението.

Која е целта на истополовите бракови , неможи да нема цел, секое битие во овој свет има своја цел на постоење. Биологијата ни кажува дека двајца мажи, две жени, меѓу себе неможат да се множат и да раѓаат деца, затоа, доколку дозволиме да победи овој концепт, концептот на легални абортуси, легални истополови – јалови бракови, ќе исчезни и последната причина за постоењето на овој свет, а тоа се децата. Нема на овој свет човек кој не се огрешил, единствена светла точка на планетата земја и на човечкото битисување се децата. Единствената причина за која денес постои овој свет се децата.

Се плашам браќа и сестри дека ние не разбравме, целта на ваквите паради, на промоцијата на истополовите бракови и овој блуд, страм и неморал кој се промовира на секој сантиметар квадратен е со само една цел, уништување на светот.

Да си ја зачуваме нашата пребогата традиција, да си го зачуваме нашето семејство, да се множиме и размножуваме и силно да се спротивставиме на туркањето на човечкото битисување во бездната и уништувањето на планетата Земја.

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот