ВМРО – 1893
ВМРО се појави како самостојна револуционерна организација, со цел да го организира, подготви и поведе македонскиот народ за национално ослободување.
На 23 октомври 1893 год. во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги стават основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.
- Христо Татарчев
- Даме Груев
- Петар Поп Арсов
- Иван Хаџи Николов
- Антон Димитров
- Христо Батанџиев
Заклетвата на ВМРО
,,Се колнам во верата, совеста и честа дека ќе работам за слобода на Македонија и одринско, со сите свои сили и средства, дека никогаш нема да го издадам револуционерното дело, а во случај да го сторам тоа, да бидам убиен со овој револвер или кама кои ги бакнувам.”
Името ВМРО е трајно врежано во меморијата на македонскиот народ и со неговиот идеал се водела битката до победоносниот крај за создавање на денешна самостојна и суверена Македонија.
ВМРО – е да ја сакаш Македонија, и да ја браниш, ВМРО – не е да си само член на партијата, ВМРО – не е само да добиеш функција, ВМРО – е одговорност, ВМРО – е идеологија.
ВМРО-ДПМНЕ – 1990
Името на партијата доаѓа од Внатрешноста Македонска Револуционерна Организација, создадена во 1893.
Партијата се смета себеси за идеолошки наследник на историското ВМРО.
На 17 јуни 1990 се формира ВМРО-ДПМНЕ, кое станува правно лице со регистрацијата на 5 август 1990 година.
Четирите свети букви ВМРО се она што не прави горди и силни !
Гордо продолжуваме да создаваме иднина, да градиме мостови, да поврзуваме !
Со гордост, продолжуваме во остварувањето на вековните соништа и идеали.
Продолжуваме моќно, гордо и достоинствено да се соочуваме со сите предизвици.
127 години ВМРО ⚫🔴
30 години ВМРО-ДПМНЕ ⚫🔴
НЕКА НИ Е ВЕЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА, НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА ❗🇲🇰
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ ✊
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ✊