БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница покажува напредни резултати во реализацијата на проекти за Ромската заедница во општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков денеска беше домаќин на официјални претставници на Европската Комисија во Скопје и вклучени лица во реализацијата на проект за обезбедување на подобри услови за домување на ромската заедница во општина Виница.

“Денес во посета на општина Виница беа Нафи Сарачини, Програмскиот менаџер во делегацијата на Европската Комисија во Скопје, Валон Мејзини(лидер на проектот), претставник на невладината ЧЕЛИМ од Италија, Крешник Ајдини менаџер на проектот и претставници од Ромскиот Ресурсен Центар и Министерството на Труд и социјална политика, на лице место да се запознаат со резултатите на проектот “Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница”.

Пред гостите го истакнав моето задоволство за успешно завршениот проект односно за постигнување на главната цел на проектот, а тоа е да се придонесе кон постигнување на намалување на социо-економските разлики со кои се соочуваат Ромите со лошите услови за домување и условите во кои живеат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со реализираните активности на проектот ги остваривме следните резултати:

– Целосно реконструирани домови на 22 куќи на социјално загрозени ромски семејства и 14 тоалети кои се дел од тие 22 куќи;

– Легализација на 80 бесправно изградени објекти/домови во сопственост на ромски семејства за кои се поднесени барања до 31.12.2018 година и обезбедени имотни листови за сопственост;

– Подобрена инфраструктурата во ромската населба преку изградба на крак на улица Македонска во износ од 1000 метри должина и истата е осветлена со 20 канделабри;

– Изградена канализација во ромската населба во должина од 500 метри, со капацитет за приклучување на 100 домакинства во канализациска мрежа;

– Набавени се 12 контенјери за собирање на отпад и истите се распоредениво ромската населба;

– Осветлена е улицата Иво Лола Рибар со поставување на 8 канделабри;

– Изградба на потпорен зид на улица Иво Лола Рибар во должина од 60 метри;

– Во фаза на изработка е ДУП за 25 хектари за блок 18 во ромската населба;

Проектот се имплементираше 32 месеци од 01 Ноември 2019 до 30 Јуни 2022 година. Вкупниот буџет на проектот изнесува 535,180.00 евра, каде што општина Виница учествуваше со 13,200.00 евра обезбедени од буџетот на општината, а останатите средства се финансирани од Европската Унија во соработка со Министерството за Труд и социјална политика.”

-информираше Миле Петков- градоначалник на општина Виница.

Други објави за Виница:

Градоначалникот на Виница овозможува соработка во функција на подобрување на животот на младите во општината

Градоначалникот на Виница овозможува соработка во функција на подобрување на животот на младите во општината

Редакција 01 Ное 3, 2022 2 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Целта на Меморандумот е меѓусебна…


Пренеси го гласот
Изградени тротоари на три локации во општина Виница. Граѓаните добиваат реализација на нивните ветувања

Изградени тротоари на три локации во општина Виница. Граѓаните добиваат реализација на нивните ветувања

Редакција 01 Окт 3, 2022 2 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? “ Предизборните ветувања ги реализираме!…


Пренеси го гласот
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП “Солидарност”

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП “Солидарност”

Редакција 01 Јул 29, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Продолжуваме со приклучување на корисници…


Пренеси го гласот
Општина Виница распиша јавен повик за заитересирани идни студенти на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Општина Виница распиша јавен повик за заитересирани идни студенти на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Редакција 01 Јул 18, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? Заинтересираните кандидати да се пријават…


Пренеси го гласот
Голема демократска придобивка: Преноси во живо од работата на Советот на општина Виница во интерес на сите граѓани

Голема демократска придобивка: Преноси во живо од работата на Советот на општина Виница во интерес на сите граѓани

Редакција 01 Мај 30, 2022 1 мин читање
Пренеси го гласот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт? “За отчетна, транспарентна и одговорна…


Пренеси го гласот

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace