23 декември, денот на загинувањето на Дамјан (Даме) Груев (1871, Смилево – 1906, Русиново, Беровско), просветен деец, револуционер, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и војвода, учесник во Илинденското востание како член на Востаничкиот штаб на Битолскиот револуционерен округ.
На 23 декември 1906 година, четата на војводата Даме Груев и четата на Александар (Сандо) Китанов биле откриени и нападнати од турскиот аскер кај селото Русиново, Малешевско. Борците успеале да се извлечат, иако Груев бил ранет. По трагот на крвта потерата успеала да ги открие. На врвот Петлец се одвива уште една битка во која Груев загинал. Во овие судири, покрај Груев и Китанов, загинале и Георги Карчов и Георги Поп Стојанов. Загинувањето на Дамјан Груев преставува огромна загуба за македонското револуционерно ослободително движење. Рускиот весник „Ново време“ од 1905, за него ќе напише: „Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија… Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарската и српската влада. Турската влада ја има оценето неговата глава со 5000 лири. Г.Груев е релативно млад човек, со убав библиски лик…“
Вечна слава.
Пишува : Виолета Ачкоска
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар
На денешен ден во центарот на Штип револуционери на ВМРО го убиваат генералот Михајло Ковачевиќ
На денешен ден пред 1010 години починал Македонскиот Цар Самуил