Претседателот на здружението на пензионери во Штип на вчерашната прва трибина од најавениот циклус на трибини на СДСМ под мотото “На прав пат” упати прашање кон Зоран Заев во врска со усогласувањето на пензиите.
Тој го потсети Зоран Заев на неговото ветување во рамки на кампањата за Стево Пендаровски дека усогласувањето ќе било правено според старата методологија т.е. 50 % од усогласувањето ќе било според растрот на потрошувачката а 50 % според растот на платите.
Но му соопшти и дека во последното усогласување на пензиите не било тоа направено а пензионерите останале незадоволни од исполнувањето на ветувањето.
Во продолжение погледнете го прашањето на Љубомир Јанев од Штип.
Одговорот на ваквото прашање упатено кон Зоран Заев беше во контекст на неговата добро позната флоскула “ЌЕ…”

“-најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено. Чесните политики ќе ни донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери”, рече Заев.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари