Уништени билборди, расфрлани политички памфлети по улиците и останати девијантни однесувања се реалност во која живеат жителите на Кочани во предвечерие на предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Со ваквите дејства на несанкционирани поединци
Ова денеска на прес конференција го истакнаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, при што ги истакнаа законските реперкусии за сторителите на ваквите дела и упатија апел да се надмине ваквата состојба.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Гоце Марков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:
“Владата САМО декларативно повика на фер кампања ама преку партиските ограноци на СДС веднаш започнаа со црна кампања.
Сведоци сме на секојдневно уништување и непочитување на правната држава. Стана навика и начин на размислување и живеење да се избегнува и манипулира Законот и да извртуваат работите за дневно-политички поени. Уништување на билборди, расфрлање на политички памфлети и летоци ноќта спроти христијанскиот ден Прочка и останати девијантни однесувања се само најава за една валкана кампања.
Според изборниот законик, уништување на билборд платен за политички цели се казнува во висина од 2000 евра. Политичката партија може да поднесе прекршочна пријава со видео или фото како доказ за стореното.
И додека нивни членови безобзирно прават ѓубре, фрлаат летоци низ градот, уништуваат билборди како да не се доволни полните контејнери и дивите депонии кои не ги одржуваат на начин соодветен за парите од даночните обврзници кои како совесни граѓани внимавааат секое ливче и хартија да заврши во контејнер.
Само тоа не важи и за СДС, за нив нема ни закони ни етика! Одличен “низок” старт на пред-кампања на СДС во Кочани. На нивните глупости им нема крај…
Се надеваме, дека сепак ќе надвладее свеста и кај нив, и почнат да се однесуваат ако не повеќе барем соодветно на Законите во нашата Република Македонија. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко