БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата наредната недела ќе носи одлука за помош на сливарите од 2 денари по кг откупена слива. Парите ќе бидат исплатени до крај на годинава

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката во Македонскот собрани Соња Михајловска преку социјалните мрежи објави вест дека во текот на наредната недела владата ќе донесе одлука за помош од 2 денари по кг откупена слива од Интервентниот фонд на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за производителите на сина слива кои што започнаа серија на протести во делчевскиот регион.

Според пратеничката на СДСМ од Делчево овие пари продавачите на слива ќе ги добијат до крај на тековната календарска година.

“Заеднички со #МЗШВ го застапуваме интересот на земјоделците од Пијанец.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За производителите на модра слива преку Интервентниот фонд на Министерството за земјоделие ќе биде обезбедена парична поддршка од 2️⃣ денари по килограм откупена слива. Оваа одлука наредната недела ќе биде разгледана како точка на Влада, а се очекува производителите на сливи парите да ги добијат најдоцна до Нова Година.

🤝Секогаш сум отворена за разговор со граѓаните, со цел да изнајдеме решенија за нивните проблеми.”

-информираше Соња Михајловска преку социјалните мрежи.

Додека траат ваквите егзистенцијални проблеми на производителите на слива во делчевско, богатиот род на сина слива веќе почна да паѓа на нивите и доколку не се собере ефикасно и навремено воопшто нема да има продажба/откуп на слива.

Проблемите на производителите на слива како и сите други земјоделци се резултат на зголемените цени на репроматеријалите од една страна гененериранио од зголемувањето на цените на енергенсите, зголемувањето на цената/ недостигот на работна рака, губење на дел од меѓународните пазари за дистрибуција на сина слива, доцнењето на субвенциите кои оваа пролет имаа поголема вредност наспроти инфлацијата која се одвива цело лето….

Помошта од 2 денари е добредојдена за овие земјоделци, но колку ќе биде искористена останува да видиме, затоа што самитеземјоделци се доведени во ситуација на огромни долгови и нерентабилност на нивната дејност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace