БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата со замрзнување на цените на земјоделските производи го уништува домашното земјоделско производство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изјава за медиумите Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше лошата состојба во земјоделието наметната од катастрофално лошите политики на актуелната власт.

На новинарско прашање во однос на одлуката за замрзнување на цените на определени земјоделски производи од страна на власта, Цветан Трипуновски соопшти дека ваквата мерка е задоцнета и дека ќе се одрази многу лошо до статус на уништување на домашното земјоделско производство. Цветан Трипуновски го изнесе својот став дека ваквата мерка власта требало да ја воведе порано кога се увезувало храна од странство, а сега кога стасува домашното произвотство мерката ќе биде голем терет за производителите на земјоделските производи чија цена се замрзнува. За ова производство чиј што пазарна цена се ограничува од страна на владата се користени репроматеријали по зголемени цени кои што ако владата имаше намера за евтино производство требало претходно да се ограничат за да не ја подигаат цената на земјоделското производство кое сега ќе мора да работи со загуби.

Поради ваквите погрешни и задоцнети мерки и политики на владата голем број земјоделци го напуштаат земјоделието и својата егзистенција ја бараат во странство. Особено овој тренд е истакнат во Брегалничкиот регион каде што во минатото голем број семејства егзистираа од земјоделие.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целата изјава на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ погледнете ја во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace