Сакаат да испратат амбасадори, но во исто време тие лица не ги исполнуваат условите од Законот кои што самите го предлагаат.
Така да крајно дволично е вие да предлагате амбасадори по стариот закон затоа што знаете дека по новиот не ги исполнуваат условите, а веднаш потоа да сакате да донесете нов закон, што е срамота и брука за Македонија како држава и е срамота кон државите во кои се испраќаат амбасадори бидејќи го гледаат несериозниот однос, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата “Добро утро”.
Според Николоски, дури ни министерот за надворешни работи Димитров не ги исполнува условите за да биде амбасадор според новиот закон кој што тие го предлагаат. Ниту Никола Димитров не ги исполнува условите за да биде амбасадор според новиот закон, изјави Николоски. Потпретседателот Николоски смета дека основата на македонската дипломатија, односно на амбасадорите треба да е привлекување на инвеститори и стилулирање на извоз, што не било случај изминатите три години. Јас не сум слушнал во изминатите 3 години дека некој амбасадор донел странска инвестиција во Македонија, или испромовирал македонската фирма да извезува во странство.
По мене основа на дипломатската работа е во големите центри да се штитат политичките интересите на Македонија а секаде останато 90 проценти на амбасадорите треба да е економска дипломатија, посочи Николоски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце