Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладневo упати своја реакција во врска со информациите дека полицијата извршила приведување на граѓани поради бадникарски оган, наспроти селективноста на институциите на државата во спроведувањето на законите кон лица кои се функционери во владата.
“Приведувањeто на луѓе поради бадников оган е покажување на сила и мускули спрема обичен народ, во ситуација кога вистински криминалци остануваат неказнети. На овие луѓе им го одземаат правото кое со Устав им е загарантирано. Тоа не е трофеј за фалење, туку срам за оваа Влада, Спасовски и Заев, како и доказ дека се одлепени од реалноста. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да понуди правна помош на сите кои се мета на насилието на власта. Решението е смена на власта, за крај на срамот, насилието и двојните аршини. П.С. Да потсетам, додека палачите на бадниковиот оган се приведени, сѐ уште нема одговор каде завршија парите од рекетот. И кога казна за функционерите на власта кои славеа без маски во државно министерство?”
-напиша Христијан Мицкоски на својата фејсбук страна во врска со оваа појава.