БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги постави контурите на идното политичко дејствување

Пренеси го гласот

По повеќе месечна активност на терен во секоја општина на секој крај од Република Македонија, денеска во Спортската сала “Јане Сандански” во Скопје се одржа централниот настан на кампањата за “Обнова на Македонија”.

Пред повеќе илјадниците присутни во преполнетата сала се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој во својот говор ги исцрта контурите за идното политичко дејствување на партијата преку најава на решенија на најакутните проблеми во Република Македонија.

Мицкоски пред целата јавност на денешниот собир порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи повеќе од една милијарда евра за заштита на животната средина.

Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50% почист амбиентален воздух за македонските граѓани .

Во образованието, Мицкоски вети инвестиции во вредност не помала од милијарда евра.

Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за нови замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти, клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од 2 милијарди евра во еден мандат инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори, тука да останат во Македонија и да ги лекуваат македонските граѓани,

-рече Мицкоски.

Меѓу многуте проекти кои ги кажа, најави и дека за земјоделците подготвуваат специјален пакет, редовна исплата на субвенциите, а не редици еднаш годишнo.

Погледнете го целиот говор на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денешниот собир во салата Јане Сандански во скопски Аеродром:

Дополнително доцна попладнево преку социјалните мрежи Мицкоски во јавноста упати моќни пораки кои во основа ја содржат новата доктрина за идното политичко дејствување:

“Со целото срце, со силна верба,пот и жилава истрајност се исправаме, и ќе се избориме за Правда, ќе се избориме за Принципи, ќе се избориме за Промени, ќе се избориме за Победи, за обнова, зошто само така ќе ја оправдаме нашата кауза и нашата верба дека Македонија има шанса и има иднина.

Затоа што ја сакаме оваа земја со целото наше срце.
Тоа е борбата и за вашите семјества, борба за вашето достоинство, чест и углед, борба за превземањето на судбината во вашите раце, и иднината на нашата убава Македонија.

Досега секогаш бевте лојални на Македонија, време е да имате Влада и премиер кој ќе ви биде вам лојален.

Кажете им Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија.

Заедно ќе ги решаваме проблемите. Заедно ќе победиме, заедно ќе ги менуваме работите, заедно ќе донесеме иднина во која веруваме.

#ОбноваНаМакедонија

-соопшти Мицкоски.

Една од најзебележителните карактеристики на денешниот собир беше енергичноста на присутните во салата кои со масовни скандирања долеваа огромна енергија на целата атмосфера.

Никогаш северна, само Македонија,

-беше еден од најкористените слогани на присутните покрај останатите во преполната сала на денешниот настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот