БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: “Дипломатско фијаско на Македонија со СДСМ”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција на партијата ја констатираше реалноста со која се соочува Македонија и Македонските граѓани со владата на Република МАкедонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско.

Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа.

Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари.

-изјави Стоилковски.

Притоа предложи Министерот на надворешни работи, кој лажно еуфорично се фалеше со некакви божемни успеси во изминатиот период, да се поднесе оставка како прв чекор за барем малку подобрување на состојбата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак.

Условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година. И сите последователни извештаи го потврдуваа тој напредок. Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело.

Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија.

-финишираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace