БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО: Постојан пад на капацитетот и нивото на здравствена заштита за граѓаните во Делчево!

Пренеси го гласот

Постојан пад на капацитетот и нивото на здравствена заштита за граѓаните во Делчево!

Здравствениот дом “Гоце Делчев” во Делчево е во константна агонија раководен од неспособните и безидејни партиски кадри на СДСМ Делчево.

Од транспорт на расад за цвеќиња со болничкото комбе од страна на поранешната директорка пред неколку години, преку скандалот за располагањето на т.н. донација на медицинска опрема и помагала се до драматичниот одлив на медицински персонал во јавното здравје во Делчево, доведе до континуиран пад на нивото на здравствени услуги во Делчево.

Со хаотичното и крајно корумпирано и партизирано здравство на СДСМ и ДУИ, резултатите и ефектите во здравството во Делчево се гледаат низ црни бројки на морталитет на населението во нашата општина.

Младите во Делчево се помалку имаат можност за квалитетни здравствени услуги, пензионерите се помалку имаат пристап до редовна и квалитетна терапија, се помалку се слуша бебешки плач во делчевскиот здравен дом.

Коалициони партнери на СДСМ од други општини со сомнително потекло на здравствени сертификати и квалификации се вработуваат за сметка на квалификуваниот кадар од нашата општина!

ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план за запирање на сите штетни појави во здравствениот систем во државата и во нашата општина Делчево, а со храбри политики и инвестиции и за иден развој на здравството во функција на граѓаните.

bregalnickimarketing

Потребни се инвестиции во инфраструктура и опрема, но уште повеќе се потребни инвестиции во човечкиот потенцијал која како доктори и медицински персонал има сериозна намера да му помогне на овој народ за да добие подобро јавно здравје.

Важно е и во Делчево да имаме подобро здравство!

-соошптение упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот