Вирусните инфекции како причина за голем број на починати луѓе низ историјата се познат и признат факт.
Во 1950 година кралот на рок енд ролот Елвис Присли јавно пред камери ја прими вакцината против полиото-болест која што се закануваше на целокупното човештво со исклучителна висока смртност.
Со тоа помогна во подигањето на свесноста кај населението за вакцинирање и искоренување на полиото како болест.
Недовербата на граѓаните кон институциите во главно се базира на недовербата кон политичарите што ги управуваат, кои што често практикуваат политички измами за да се задржат што е можно подолго.
Но моќта на науката како таква која што е базирана на експерименти и на научни докази не треба да биде потценувана, особено во здравството каде што станува збор за спасување или губење на човечки животи.