По несреќата која му се случи на Михаел Шумахер на скијање во француските Алпи во 2013 година, тој остана хендикепиран.
Во декември ќе излезе Документарен филм за седумкратниот шампион на Формула 1, каде се работи за филм кој ќе содржи необјавени архивски снимки и сведоштва на неговото семејство, , неговиот тако Ролф, сопругата Корина, нивните деца како и негови колеги.
Филмот „Шумахер“ е во режија на германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, но со поддршка на семејството на Шумахер. Филмот е сниман на германски јазик.
Во Германија и во Швајцарија документарецот ќе биде прикажан на 5 декември, каде ќе се прикажува и за тешкотиите со кои се справува Михаил во изминативе 6 години. Шумахер (50) бил шампион во рекордни 91. трка.
Од натпреварувањето во Формула 1 се повлече во 2012 година, откако освои седум шампионски титули.