И по многуте реакции кои што граѓани, медиуми и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги упати до надлежните институции во континуитет во изминатите неколку месеци, и понатаму продолжува масовната сеча на дрвна маса од делчевските планини.
Постојано низ центарот на Делчево изминатите месеци може да се забележат шлепери со повеќе приколки како брзаат да ја изнесат дрвната маса од општината пред очите на делчевчани кои немоќно и револтирано гледаат како некогашните бели дробови на општината засекогаш се изгубени во неповрат.
Повторно со своја реакција во јавноста се обратија од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во која сега алармираат дека покрај опожарен бор е исечена и неопожарена борова шума.
Цената на опожарената борова шума на пазарот е неколку пати поефтина од неопожарената, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево при што најавија одговорност за сите инволвирани во наводните криминални активности по превземање на власта.
“ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА КРАЖБА ВО ИСТОРИЈАТА КОЈА СЕ ИМА СЛУЧЕНО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО И НАЈГОЛЕМАТА КРАЖБА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЈП Национални шуми
Имено, по купови реакции како од наша страна така и од страна на жители на Општина Делчево до надлежните институции со кои раководат високи функционери на СДСМ, немилосрдното и неетичко сечење на опожарените шуми во делчевско и понатаму продолжува
Илјадници кубни метри на зелена и неопожарена борова шума е несовесно и неконтролирано веќе исечена на цената на кубен метар опожарена борова шума која е неколку пати поефтина од таа што е за дрвата што фактички се сечат
Илјадници кубни метри на борова шума наменета за граѓа е веќе отсечена на цената на кубен метар опожарена борова шума која што е неколку пати поефтина од таа што е за дрвата што фактички се сечат
Чисто за споредба, жителите на Општина Делчево мака мачат да обезбедат огревно дрво за кое се приморани да плаќаат дури и над 4000 денари за кубен метар
Љупчо Николовски-
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Валентин Груевски-директор на Национални шуми;
Фикри Алити-директор на Државниот инспекторат за шумарство и
СИТЕ ВАШИ СОУЧЕСНИЦИ ИДЕ ДЕНОТ КОГА ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ДО ЕДЕН ЗА ОВОЈ КРИМИНАЛ КОЈ ОДИ ВО ПРИЛОГ САМО ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ВАШИТЕ ЏЕПОВИ И СМЕТКИТЕ НА ФИРМИТЕ БЛИСКИ ДО ОВАА НЕНАРОДНА ВЛАСТ НА СДСМ-ДУИ“
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатено преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани