Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Во името на ВМРО!

Пренеси го гласот

СДСМ и ДУИ се на власт во државата која незапирливо тоне во сиромаштија, должничко ропство и бела чума a ВМРО-ДПМНЕ под напад на поединци!

Нешто е “труло” во оваа наша “катанга”!

-Од почеток на застанувањето на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот Христијан Мицкоски е изложен на “фанатични” напади на поединци кои што имаат своја дефинирана наменска агенда во политичкиот етер во Државата. И после секој напад на такви поединци Мицкоски излегува победник и уште посилен на својата лидерска позиција во партијата која што е единствена реална закана за рушење на актуелната власт.

Кампањата против секој отпор против власта на тие поединци кои се многу внимателно и смислено бирани и експонирани во јавност, целосно оди во прилог на одржување на власта на СДСМ и ДУИ кои се главни експоненти на спроведувањето на ненародните политики против волјата на мнозинството граѓани.

Може само да се присетиме во каква состојба беше ВМРО-ДПМНЕ пролетта 2018 година под општ напад од партизираните, поткупени и присилени судско-обвинителски органи на државата која беше аздисана од моќта на политичката структура на СДСМ и ДУИ предводена од Зоран Заев. Да не заборавиме дека тоа е истиот Зоран Заев чија што позната сентенса “Живи луѓе има да јадеме”, добиваше своја конкретна манифестација во тие времиња.

По катастрофалниот пораз на локалните избори во 2017 година во времето на Никола Груевски, со трпелива, мудра и стратешки поставена политика на Христијан Мицкоски и највисокото партиско раководство воспоставена на почетокот во 2018 година, ВМРО-ДПМНЕ дојде во состојба да се позиционира како најголема парламентарна партија на изборите во 2020 година, за во наредната 2021 година да освои убедлива победа по број на градоначалнички и советнички мандати на своите кандидатски листи.

И цело време во тој период пред вратата на партијата лаеја “високо педигрирани” с’снати кучиња кои што во најголема мера немаат никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ. Но има и такви малкумина-безобразни поединци кои ја изгубиле моќта која што претходно ја имале кај претходното раководство во ВМРО-ДПМНЕ, па сега бијат индивидуална крстоносна војна против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое сака да избегне од лошите политики чиј причинител биле токму овие “разјарени кучиња”.

За општо добро во државата и народот за вмровските работи најдобро е кога полемизираат вмровци. И тоа оние вистинските вмровци дефинирани и олицетворени од основната идеја да не го ставаат личниот интерес над интересите на народот.

ВМРО историски е еден од најсилните столбови на постоењето на современата Македонска држава. ВМРО-ДПМНЕ како политичка артикулација на суштината на постоењето на историското ВМРО од независноста до денес е постојано на удар од страна на сите непријатели на Македонското постоење. Суптилноста на нападите и во последните години одат до таа мера што масовно се ангажираат платеници (читај предавници на погоре споменатата основна идеја за дефиниција на припадност на ВМРО). Ваквите платеници ниту го почитуваат ниту го живееле некогаш битот на ВМРО а се претставуваат како вмровци со намера да го извитоперат делото и идеите на ВМРО до таа мера што себеси си задаваат улога на идеолози за тоа што треба да прави ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ пред се како партија на Македонскиот народ која се залага за просперитетот на граѓаните преку Македонско национално единство си има свои внатрепартиски проблеми. Овие проблеми се неминовни поради епитетот кој го носи во себе партијата како општонароден политички субјект чија што сила извира од обединувањето на граѓаните.

Улогата на ваквите платеници преоблечени во облека на самопрогласени експерти а бустирани со парите, моќта и влијанието на актиелната власт на СДСМ+ДУИ, е токму напад на најсилната карактеристика која во себе ја поседува ВМРО-ДПМНЕ а тоа е обединувањето.

Па оттука може да видиме како ваквите пропагандни мегафони лиферуваат во јавност (пак ќе кажам бустирани со медиумската моќ на провладините медиуми) поливистини во функција на манипулации кои што граѓаните секојдневно треба да ги “голтаат” од медиумското мени на провладини и антиопозициски тези за влијание на општествената перцепција за процесите.

Мудроста на народот да избере што е најдобро за заедницата и следствено на тоа за доброто на секоја индивидуа, е ставена во искушение, менувајки го општото добро со доброто на нелколкумина поединци во врвот на власта и круговите на корупција кои што на најбрутален начин оваа власт ги создава околу себе.

bregalnickimarketing

Несватливо е како може иднината на државата да се менува за комодитет купен со некаков ваучер/социјална помош/ пакет намирници/ вработување во државна администрација, кога моќта на секој поединец со неговиот глас на избори е да ги дефинира идните општествени процеси во државата во форма на демократија.

Не е демократија кога некој ќе ви понуди некаква лична добивка за сметка на доброто на државата!

За справување со морето од манипулации присутни во медиумскиот пропаганден етер во Македонија, но и пошироко во регионот и светот, поединецот е исправен пред предизвиккот да процесира мноштво информации, но и да врши постојана анализа на процесите во својот реален (надвор од медиумите) живот кој што го живее тој и тие околу него.

Вистината е дека Македонија и МАкедонските граѓани живеат со секој нов ден се полошо и полошо. Смртта веќе не е предвидлива иднина туку прашање на неизвесност со секој нов ден. Сиромаштијата е се позастапена кај мнозинството граѓани а трупањето на богатство и моќ кај мала група финансиски моќници е во вртоглав пораст. Дополнително владеењето на странскиот капитал врз економските услови во државата е проблем сам за себе, на кој актуелната власт нема одговор туку конформистички јава на бранот кој што тој капитал го модулира.

СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа подобрување на животниот стандард на т.н. средна класа граѓани, наместо тоа ја збришаа во целост таа средна класа во систем на “врзани садови” со зголемување на бројот на сиромашни граѓани.

Единствената политичка сила (историски гледано) која што може да се споротивстави на целокупната ваква реалност на “вакум” живеење е ВМРО-ДПМНЕ! Секаква пропагандна теза дека некој друг политички субјект може тоа да го направи оди во прилог на слабаеење на процесот на обединување на целиот народ зад идејата за соборување на актуелната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ова наше политичко мочуриште време е оние поединци кои што си ја сакаат државата, општината, народот да го засилат својот активизам и отпор против сите антидржавни политики кои што веќе 5 години ги спроведува владата на СДСМ, ДУИ и останатите нивни “новчаник” сателити. Но ваквиот активизам треба и мора да има своја реална и предвидлива политичка артикулација на избори, со што народот ќе го врати својот углед кај некоја нова народна влада неминовно предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во името на ВМРО-ДПМНЕ е содржана придавката МАКЕДОНСКА и именката ОРГАНИЗАЦИЈА.

Тоа нешто значи за сите оние кои знаат да читаат суштина!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот