На поставените избирачки места во Општина Карбинци до овој момент е забележана особено мала излезеност на членовите на СДСМ на внатрепартиските избори на кои како единствена опција е името на Зоран Заев.
Од наши извори дознаваме дека тивкиот бојкот на внатрепартиските избори е резултат на длабоката поделеност на повеќе фракции во Општинската организација на СДСМ во Карбинци од кои најсилна е онаа против актуелниот градоначалник на општината кој настојувал повторно да биде кандидат за градоначалник на Карбинци.