Деновиве во Кочани започна реконструкцијата на улицата „Јордан Зафиров“ и подготовките за асфалтирање.
Пред тоа беше извршено тампонирање на дел од улицата, а следуваат градежни активности за поставување на ивичњаци.
Истовремено започна тампонирањето и на дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Тркање.
Паралелно со овие две улици во централното градско подрачје во Кочани се работи на процесот за изградба на десниот коловоз на улицата „Стево Теодосиевски“.
Општинските власти апелираат кај граѓаните за зголемена претпазливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација во деловите каде што се вршат градежни работи на терен..
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда
Туристичките работници убаво да се подготват за зголемен прием на турските туристи на Охридскиот аеродром за наредната сезона