За да илустрирам до каде е детално планирано сценариото за бугаризација на Северна ќе ги поставам следните реторички прашања:
Дали се сеќавате на дечкото во маска кој фрли молотов коктел врз полицијата пред собрание во рамки на протестите минатата недела, ден откако Апасиев- Левица повика на радикализација на протестот??
Дали се сеќавате на снимката која конспиратоивно беше пренесена во јавноста а врз основа на која веројатно го привеле дечкото?
Таа снимка не е случајна и не е случајно што тој дечко се поврзува со СДС.
Дали се сеќавата на снимката со дечкото кој беше притиснат и “тепан” од полицијата за време на неговото приведување на истиот тој протест?
Мил мој Македонски народе!
Ова премрежје со бугаризацијата ќе помине. Тоа е резултат на нашите претходни постапки со кои смислено и планирано уште кога се воспоставени рамките на оваа наша “парламентарна демократија” секојдневно прифаќаме хартија во форма на кредити без реално покритие со вредност која ја создаваме како општество.
Лекомисленоста, желбата за слава, незаработено богатство, сите малигни одлуки со кои сме се согласиле или сме ги премолчиле, секогаш кога одиме на задна врата да добиеме нешто преку ред пред другите, мислејки дека сме многу паметни и успешни…. Тоа се моментите кои доведоа до ова што денес ни се случува.
Северна е протекторат. Северна е држава толку колку што некој од страна ќе дозволи!
Изборите се изговор за оваа”демократија” кои во суштина редовно се крадат, лажираат и моделираат.
Ние сме нечија алатка за остварување на сите можни интереси освен нашите. Дури и тогаш кога се спротивставуваме на таквите процеси.
Бог да ја прости Северна! Зошто јас не можам.
Да живее слободна и независна Република Македонија!
Борбата продолжува!
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Изместена реалност во СДСМ. Дали ова е аргумент за добивање на глас на изборите во недела?
Македонски фармери на содржини:„Минатото никогаш не умира. Тоа дури не е ни минато.“
Кандидатите за градоначалници на СДСМ во Брегалничкиот регион се тотална политичка непознаница за јавноста на само 50 дена пред изборите