Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Вработените во Општина Карбинци со засукани ракави до рамења. Се работи на инфраструктура како никогаш досега

Пренеси го гласот

Малата и рурална општина Карбинци со малкумината вработени во општинската администрација покажуваат како може да се биде ефикасен и продуктивен со мал и добро мотивиран тим.

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во првата година од својот мандат внесе нови стандарди во работењето на општинската администрација а денес една година потоа резултатите почнаа да се манифестираат во јавност. Реализацијата на големиот број на проекти во првата година за градоначалникот Паунов беше само вовед во она што во моментот се работи и тоа што ќе следува во наредниот период. Селото Таринци добива нови асфалтни површини по кои ќе сообраќаат граѓаните, но асфалтирањето кое што се случува деновиве е смо финиш на претходните активности кои беа спроведени за изградба на атмосферската канализација и соодветно формирање на планумот на сообраќајницата со потребните тротоари кои не постоеа претходно.

“Се работи на проект за реконструкција на дел од главната улица во селото Таринци, која што е со површина од 2.600 м2 и која што вклучува комплетно санирање односно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение на самата улица.

Проектот е со вредност од 8 милиони денари и е финансиран делумно од страна на Бирото за регионален развој, а остатокот или конфинасирањето поголемиот дел исто така е од страна на Општина Карбинци.

Ја подобруваме инфраструктурата со тоа што жителите овде повеќе нема да газат кал, нема да одронети остатоци од асфалт, туку ќе имаме комплетно нова инфраструктура и еден урбан лик на селото Таринци овде во општина Карбинци.”

-информираше градоначалникот Виктор Паунов во врска со овој проект и го најави она што ќе следува како инфраструктурна офанзива за наредните месеци, со што жителите на повеќе населени места во Карбинци ќе добијат целосно нови улици.

“Покрај ова само ќе напоменам на кратко дека се во тек неколку нови проекти кои што заедно со службите ги изработуваме техничките документации и многу наскоро следи нивна реализација. Се работи за неколку нови улици во повеќе населени места, селото Радање ќе добие две нови улици, селото Долни Балван исто така една нова улица и неколку други кои што ќе следат во текот на годината.

Значи да сумирам нѐ очекува една би рекол бурна пролет, и едно жешко лето кога е во прашање градежната офанзива во општина Карбинци.”

-најави градоначалникот Паунов за периодот кој претстои.

Креирано од:


Пренеси го гласот