БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За едни казни и блокатор на тркала за други безаконие и самоволие

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од вчера на сила стапуваат репресивните мерки во Општина Штип. Во координирана акција на сообраќајната полиција и одделението за наплата на паркинг при ЈП „Стипион“ започнаа со казнување за непрописно паркирање на возилата и ненавремено плаќање за искористениот паркинг простор.

Во изјава за медиумите општинскиот сообраќаен инспектор истакна дека законот мора подеднакво да важи за сите и причината за ваквата акција е се поголемиот број на возила паркирани на непрописни места. Оваа изјава добро звучи но лошо се применува. Како доказ за тоа доволно беше да погледне во училишниот двор на гимназијата. Во истата може да се забележи секојдневно непрописно паркирање на возила, обично овие возила или се во сопственост на вработените или во сопственост на блиски пријатели на директорот Ристо Петковски.  Меѓу непрописно паркираните возила често може да се забележи и онаа на сестрата на градоначалникот Благој Бочварски. Исто така често пати може да се забележи дека паркирани возила има и во училишниот двор на ООУ „Ванчо Прќе“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овие неколку примери само ги потврдуваат двојните стандарди на општинските власти. Ваквите појави на граѓаните не им се ниту малку допѓаат па затоа и отворено се погласно реагираат. Така често може да се слушнат разговори во кои отворено се прашува кој го штити самоволието на директорот на гимназијата и останати локални функционери. Зарем добивање на власта значи и непочитување на законите. За овие проблеми секако дека најкомпетентни се општинските служби кои се плаќаат од парите на граѓаните и секако дека треба да работат во интерес на граѓаните а не за свој личен интерес

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace