БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За македонско – руските работи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонија деновиве остана без дипломатски претставник во Русија, една од најмоќните светски држави, и една од петте постојани членови на Советот за Безбедност на Обединетите Нации. После последното заладување на односите, македонско – руските дипломатски односи се наоѓаат на најниско ниво во историјата, и истите во изминатиот период го допреа дното. Од Москва беше прогласена за „персона нон грата“ и протерана актуелната вршителка на должноста Амбасадор на Македонија во Москва, која што беше последниот македонски дипломат во Москва, и македонската амбасада во Москва остана празна. Овој случај негативно ќе влијае на македонско – руските односи, како и за македонските граѓани и студенти кои што живеат и студираат во Русија.  

Кој прв почна?

Факт е дека во последните неколку години Македонија води отворена анти – руска политика, се со цел да му се додвори на Западот, во надеж дека Македонија ќе ќари нешто од тоа. За таа цел, во Обединетите Нации и во другите меѓународни организации, Македонија секогаш гласа против Русија, а во последните неколку години, под диктат на САД, Македонија работи на продлабочување и проширување на односите со Украина. Македонија зеде учество во Кримскиот форум во 2021 година кој што беше одржан во Киев, каде што беше донесена декларација против Русија. Македонија, и македонското МНР, дава активна поддршка на сите иницијати на Киев против Москва. Не е исклучено во иднина македонски војници, како дел од НАТО, да земат учество во воени вежби и учења на територијата на Украина, кои што ќе бидат насочени против Русија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од 2018 година, Македонија прогласи тројца руски дипломати за персона нон грата. Русија одговори со реципроцитет и протера тројца македонски дипломати. Во моментот македонско – руските дипломатски односи се на најниско ниво, за разлика од почетокот на воспоставувањето на дипломатските односи, славните деведесети години, кога македонско – руските дипломатски и економски односи беа на високо ниво. Одлуката на официјална Москва за протерување на последниот македонски дипломат од Москва доаѓа по претходното протерување на руски дипломат од Македонија. Македонските власти за последното протерување на рускиот дипломат објавија дека наводно рускиот воен аташе тогаш бил фатен како врши нелегални активности, кои што не се во склад со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи и поради тоа истиот е протеран од Македонија.

Првото протерување е поврзано со фамозниот случај на Скрипал во Велика Британија во 2018 година. „Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“, соопшти тогаш македонското МНР, со надополнување дека „користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и дека тоа влијае на безбедноста на сите земји“[1].

На ова веднаш реагираше Руската амбасада во Скопје. „Исклучително непријателски и со ништо неоправдан чекор којшто е без преседан во руско-македонските односи. Одговорноста за последиците лежи целосно на македонската страна[2]“, реагираше Руската амбасада во Скопје преку објава на социјалната мрежа Твитер.

На 18 мај оваа година, Министерството за надворешни работи на Република Македонија прогласи руски дипломат за непожелна личност во земјата, при што во соопштението беше наведено дека согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, донесена е одлука за прогласување на еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија. Русија експресно возврати и на 10-ти јуни протера македонски дипломат од Амбасадата во Москва.

Оваа година Македонија исто се приклучи кон санкциите на Западот против Русија во врска со случајот Навални. Но реално Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација и пред да бидат протерани сите дипломати немаше скоро никакви позначајни активности. Од Балканот, Амбасадата на Македонија во Москва е најмала и со мизерни активности и настани. За тоа зборува фактот дека во Амбасадата во Москва работеа двајца дипломати кои што немаа познавање на рускиот јазик, традиција, историја и култура. Со години нема организација на никакви настани од страна на Амбасадата поврзани со најзначајните македонски празници. Во последните 12 години во Москва имаше редица скандали поврзани со нашите Амбасадори, испраќање на непрофесионални партиски кадри наместо дипломати, непознавање на рускиот јазик, и дури имаше и подолг период во кој што Македонија немаше Амбасадор. Ова денес е само финале на целиот процес.

Факт е дека Москва не котира високо во македонската надворешна политика, и дека односите и соработката со Русија не се приоритет на македонските власти во последните неколку години. Македонија е целосно насочена и интегрирана во евро – атланските структури и сојузи. Македонија исто не котира високо во руската надворешна политика на Балканот. Доказ за тоа е и ниската трговска размена помеѓу Македонија и Русија, немањето на значајни стратешки проекти за разлика од нашите соседи, ниското ниво на културна размена и проекти, како и ниското ниво на посети на владини лица од двете држави.

Разликите во стратешките цели на Скопје и Москва, како и тоа што Македонија и македонската надворешна политика се целосно зависни од Вашингтон и Брисел, како и меѓусебното прогласување на дипломатите за непожелни личности, фрлаат сенка на билатералните односи на Македонија и Русија, наспроти декларативните заложби за нивно унапредување.

Пишува: Тодоровски Дарко

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace