• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

За Мише Развигоров-Штипски војвода и народен учител

април 3rd, 2021 Историски личности коментари 0

На 2 април 1907 година во нерамна борба со турската војска загинал МИХАИЛ (МИШЕ) РАЗВИГОРОВ


Михаил (Мише) Развигоров роден е во Штип на 28 октомври 1873 година, умира во Штип на 2 април 1907 година, македонски револуционер, војвода, член на ТМОРО и учител.

Мише Развигоров бил роден во еснафско семејство, од татко Спиро и мајка Донка. Во Штип завршил трет клас прогимназиско училиште, а во Ќустендил и во Казанлак завршил педагошко училиште. Уште како ученик се одликувал со својот бурен темперамент. По завршувањето на педагошкото училиште, работел како учител во штипското Ново Село. Притоа, Развигоров му помагал на Гоце Делчев, кој во тоа време, исто така, служел како учител во селото.

Во 1893 година во Штип пристигнал Даме Груев, кој работел како учител во градот и тука го основал Месниот комитет на ТМОРО во кој членувале: Михаил Арсов, Христо Поп Коцев, Александар Малински, Мише Развигоров, Митре Теранцелиев, Ефрем Чучков и Тодор Лазаров, кој бил раководител. Како член на Месниот комитет, Развигоров ја ширел организациската мрежа во околината на Штип и ги организирал приемот, складирањето, препраќањето и распоредувањето на револуционерните материјали.

По избувнувањето на Виничката аферa од 14-15 ноември 1897 година, Развигоров, заедно со повеќемина членови на Окружниот комитет во Штип бил затворен и мачен во штипскиот затвор, а потоа врзан бил носен по штипските, виничките и светиниколските села со цел да се заплаши народот. Гледајќи ги страдањата што ги трпело локалното население, Развигоров решил да ја преземе вината врз себе и признал дека тој ги вооружувал луѓето. Затоа, Развигоров бил осуден на доживотна робија и заедно со Петар Поп Арсов и другите членови на Окружниот комитет, на 23 август 1898 година, преку Солун бил спроведен во затворот Подрум Кале во Акија, Мала Азија.

Во затворот владееле ужасни услови и во едно писмо од 25 јули 1898 година, Развигоров, Поп Арсов и Александар Коцев побарале од австрискиот конзул во Скопје да се ангажира кај турските власти за подобрување на нивната положба. Нивните семејства на 22 август 1899 година напишале уште едно писмо до австрискиот конзул со молба да им помогне на затворениците.Во август 1902 година, по повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид II, била прогласена амнестија и Развигоров излегол од затворот. Притоа, одредено време, тој поминал во Бугарија, а потоа формирал своја чета со која заминал во штипската околија.

По пропаста на Илинденското востание, биле одржани повеќе советувања како подготовка на конгресот на ТМОРО од 1905 година. На едно такво советување, одржано во текот на јануари-февруари 1904 година во Софија учествувал и Развигоров како претставник на Скопскиот револуционерен округ. Во пролетта 1904 година, тој се вратил во Штип и ја продолжил револуционерната дејност. Во септември 1904 година влегува со четата во кумановското село Кокошиње и убива осум србомани.

Од 2 до 7 јануари 1905 година, како претставник на штипската околија (заедно со Ефрем Чучков, Тодор Александров и Стојан Мишев), Развигоров учествувал на конгресот на Скопскиот револуционерен округ што се одржал во кратовското село Кнежево, во присуство на 20 делегати. Учествувал и на Рилскиот конгрес.

Во овој период, Развигоров развил богата дејност како војвода на штипската околија, при што уживал голема популарност кај народот, поради неговите активности за подобрување на социјалната положба, како: помагање на селаните за откупување на земјата од беговите, ослободување на долговите на задолжените селани кај Евреите, поништување на турските документи во кои се воделе задолжените селани, формирање помагателни каси, организирање бојкот на населението на плаќањето даноци итн. Во тој поглед, Развигоров извршил големо влијание и во другите околии во Источна Македонија. Како резултат на неговите активности, населението го нарекувало Овчеполски кнез.

Во почетокот на 1907 година, Развигоров дошол во Штип да изврши контрола на финансиското работење на штипската револуционерна организација, бидејќи постоеле сомневања за проневера на парите. Притоа, тој се сместил во куќата на Петре Брашнаров во Исарското маало, а со него биле неговите телохранители Петре Жабата и Милан Крстев. Притоа, на 2 април 1907 година, Развигоров бил предаден и куќата била опколена од турската војска. Не сакајќи да се предадат, четниците започнале борба при што Турците ја запалиле куќата. Според едни извори, Развигоров и другарите изгореле живи, според други извори, тие се самоубиле, а трети извори посочуваат дека Развигоров бил убиен во борбата, Милан Крстев изгорел, а Петре Жабата успеал да избега во една од соседните куќи, но таму бил предаден и опколен, па се самоубил. Изгореното тело на Развигоров било пронајдено во оџакот на запалената куќа, а турската власт дозволила телата на загинатите да бидат закопани.

Погребот на Развигоров бил масовно посетен при што тој бил закопан на градските гробишта, до црквата „Св. Спас“, а на надгробната плоча бил издлабен следниов текст: „Мише Развигоров, народен учител“, со податоци за местото и датата на раѓањето и на смртта. Инаку, мотивот за предавството на Развигоров биле парите, а предавството го извршил благајникот на штипската револуционерна организација Мише Анчев. Во знак на сеќавање на делото на Развигоров, народот му испеал неколку песни.

Извори:

  1. Донче Ефремов, „Револуционерната дејност на штипскиот војвода Мише Развигоров“, Зборник VIII, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Штип, Штип, 1998, стр. 47.
  2. Собрание на општина Штип, Штип низ вековите, книга прва, Штип, 1986, стр. 401-402.
  3. Михаило Миноски, „Прилог кон прашањето за положбата на македонските револуционери Петар Поп Арсов, Мише Развигоров и Александар Коцев во злогласниот затвор Подрум Кале“, Гласник на Институтот за национална историја, год. XX, бр. 2, Скопје, 1976, стр. 108-109

“Излегол Мише војвода”
– народна песна
Излегол Мише војвода
Од таја славна планина,
Со таја верна дружина.
Навалил Мише Кочанско
Кочанско село Пресека.
Таму е извикал Милана,
Милана младо терзиче.
Мише на Милан говори:
„Отвори Милан канало,
Да влезам јазе у Штипско!“
на Мише говоре:
„Не иди Мише у Штипско,
Штипско е лошо станало,
На партии се делило“.
Ке идам Милан, ке идам,
Сметките да им видам
Ногу са пари изеле!“
Мише Милана не слушал,
Слегнал е Мише у Штипско,
У това село Сушево
В куки на млад Ефрема.
на Мише говоре:
„Не влевај Мише у градо,
Грагани са се скарали.
На партии са делени,
Парите са ги изеле,
Мише ке ми те предадат!“
Мише на Ефрем говори:
„Ја сум штипјани учило,
Не вервам да ме предадат.“
Улезна Мише у градо,
Там са го Мише предале,
Мишета жив изгореле.

https://www.facebook.com/slobodailismrtmakedonija/posts/210042053765869

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Делчевчани му го честитаа 1-ви април на премиерот
Следна објава Џон Илија Апелгрен: Имаме здравствен хаос затоа што касапот ни е министер за здравство
Може да Ве интересира:
Викторија Никодиноска: 119 години од загинувањето на славниот Војвода - Методија Патчев
Историски личности

Викторија Никодиноска: 119 години од загинувањето на славниот Војвода - Методија Патчев

април 7th, 2021 0
За Мише Развигоров-Штипски војвода и народен учител
Историски личности

За Мише Развигоров-Штипски војвода и народен учител

април 3rd, 2021 0
Последниот бранител на Републиката
Историски личности

Последниот бранител на Републиката

март 16th, 2021 0
На денешен ден животот го загуби Андон Димитров- еден од основачите на Македонската револуционерна организација
Историски личности

На денешен ден животот го загуби Андон Димитров- еден од основачите на Македонската револуционерна организација

март 13th, 2021 0
На денешен ден е роден првиот македонски драмски писател кој пишувал на мајчин, Македонски јазик
Историски личности

На денешен ден е роден првиот македонски драмски писател кој пишувал на мајчин, Македонски јазик

јануари 15th, 2021 0
На денешен ден пред 78 години на ѕверски начин се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор
Историски личности

На денешен ден пред 78 години на ѕверски начин се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор

јануари 4th, 2021 0
На денешен ден 2 јануари 1952 година починал Д-р Христо Татарчев- еден од основачите на Македонската револуционерна организација
Историски личности

На денешен ден 2 јануари 1952 година починал Д-р Христо Татарчев- еден од основачите на Македонската револуционерна организација

јануари 2nd, 2021 0
Стојанче Никодиноски: За Ќосето...
Историски личности

Стојанче Никодиноски: За Ќосето...

декември 25th, 2020 0
Стојанче Никодиноски: За Даме Груев
Историски личности

Стојанче Никодиноски: За Даме Груев

декември 23rd, 2020 0
Facebook Comments
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

0
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

0
Најнови објави
Апр 19th 3:05 PM
Технологија и Опрема

Програмери наспроти нормални луѓе #01: Корен на врв или корен на дно?

Апр 19th 2:05 PM
Македонска бесмртност

Почина Д-р Александар Стојчев- еден од врвните интелектуалци на полето на одбраната на Македонија

Апр 19th 2:01 PM
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

Апр 18th 3:15 PM
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Архива на статии
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.