БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна 54-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Пренеси го гласот

Стартува 54-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое годинава се одржува под мотото „Ова е наше време, време е за театар“.

Во храмот на Талија ќе се ужива осум вечери каде ќе бидеме дел од една прекрасна приказна и ќе бидеме сведоци на храбите пораки на драматурзите и на сценаристите изговорени од извонредните актери, мајстори на овој занает.

По 54-ти пат Прилеп е најголемата театарска арена, на која ќе има креативен натпревар, кој ќе донесе нов триумф на театарската уметност во земјата.

Публиката имаше можност за почеток на фестивалот да биде дел од извонредниот настап на музичкиот виртуоз Влатко Стефановски, како и во изведбата на претставата „Магбет“, во режија на Нела Витошевиќ.

bregalnickimarketing

Вечерва во 19.30 часот, фестивалот продолжува со настапот на битолскиот театар со „Бакхи – краток поглед на распадот“, според Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица.

Креирано од:


Пренеси го гласот