Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска на лице место на терен го изначи почетокот на градежните работи за изгрдба на патниот правец од селото Радање до селото Оаклија.
Овој патен правец беше долгогодишно барање и очекување на жителите кои што гравитираат по оваа патна делница, така што со неговата изградба значително ќе се подобри животниот стандард на населението.
“Денес започнаа градежните активности и подготовка на теренот за асфалтирање на делот од патниот правец с.Радање-с.Оџалија со должина од 350м.
Ги решаваме инфраструктурните проблеми на оние места каде има голема потреба и создаваме услови за подобар живот на граѓаните во сите населени места во нашата општина!”
-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фронтмен на Левица во Штип ја напушта партијата
соопштение од старешината при храмот Св. Георгиј Победоносец – Кочани
Книгата на жалоста преместена во кочанскиот храм