Во сабота во еден од скопските конференциски центри со почеток во 14.00 часот се одржа првата конференција за семакедонско национално обединување.
Конференцијата се одржа во организација на СeМакедонски Национален Совет – “Македониум” на која присуствуваа околу 20-тина граѓански организации од Република Македонија и странство, политички партии, повеќе неформални организации на Македонците во странство и поединци-родољуби.

Конференцијата се одржа под мотото за Семакедонско национално обединување а со една единствена цел за постигање на национално единство и консензус по однос на Македонските државни, национални, идентитетски и сите други прашања кои значат опстанок на Македонија и Македонскиот народ.

Во рамки на присутните организации, покрај делегатите од страна на организаторот, беа присутни делегати од Република Македонија, Пиринска Македонија, Албанија и Гора, делегати од организацијата Антички Македонци од Перт, Австралија, делегати од Организацијата на Македонците во светот, Координативно тело од Европа, претставници на партијата “Глас за Македонија”, Работничката партија, Независниот синдикат на транспортните работници, Гранковиот синдикат на градежни работници и повеќе други неформални организации и поединци.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Координативното тело на Македонците во Европа:
Како гости на Конференцијата беа присутни повеќе еминентни професори, истакнати интелектуалци и долгогодишни посветени работници на полето за заштитата на Македонските национални интереси.
Дел од останатите обраќања на конференцијата може да се погледнат на следново видео:
Меѓу присутните беа и Ангелина Маркус како и Проф. Петар Попопоски.
По обемната работа на работното тело на Конференцијата за Македонско сенационално обединување на крајот од конференцијата беа прочитани:
- -Прогласот до Македонскиот народ за Македонско сенационално обединување
- -Утврдените Македонски државни и национални интереси, како и
- -Дел од приоритетните заклучоци за дејствување на Семакедонскиот национален совет во претстојниот период.
Конференцијата беше одлична можност да се сретнат Македонци-родољуби и активисти за правата на Македонците како од Републиката така и од сите светски мередијани, со размена на мислења меѓутоа и со донесување на конкретни заклучоци и план на активности за понатамошно дејствување.
Во продолжение ги пренесуваме завршните обраќања со декларирање на документите кои произлегоа како резултат од работата на Конференцијата.
Работата на Координативниот совет ќе продолжи да се реализира во претстојниот период со предвидените активности се до наредната Конференција која беше најавено дека ќе се одржи помеѓу 10 и 15 август оваа година за што дополнително ќе биде информирана јавноста.
Се извинуваме за квалитетот на видео материјалите кои се превземени од организаторот на настанот