БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Запознајте го “Дебелиот Човек”- нуклеарната бомба која го уништи Нагасаки и над 140 000 луѓе

Пренеси го гласот

“Дебелиот Човек” (анг. Fat Man) е кодното име на нуклеарната бомба која што американските воздухопловни сили ја фрлија над јапонскиот град Нагасаки на 9 август 1945 година.

Разорното дејство на нуклеарната печурка која што се создаде на местото на ударот на бомбата е еден од најсмртоносните акти во човечката историја што го променил текот на историјата присилувајки ги јапонските империјални сили на капитулација со што завршила Втората Светска Војна.

“Дебелиот Човек” се состоела од 6,4 кг Плутониум кој што произвел ударно дејство од 21 КилоТон експлозија што бил поефикасен удар од бомбата фрлена во Хирошима 3 дена претходно која што иако имала 64 гк збогатен ураниум произвела експлозија од 15 КилоТони. Оваа бомба била произведена во рамки на Менхетн проектот во во базата во Лос Аламос под раководство на Роберт Џ Опенхајмер кој што се смета за татко на атомската бомба. Бомбата била долга 3.3 метри а широка во дијаметар од 1.5 метри со тежина од 4670 кг. Плутониумската сфера во центарот на бомбата одговорна за разорната моќ на бомбата била со големина од фудбалска топка. Плутониумот е радиоактивен елемент кој што бил откриен во 1940 година и за него се смета дека е создаден од човекот. Плутониумската сфера во бомбата била опкружена од експлозивни шаржери/леќи кои што во неколку слоеви се наоѓале околу ураниумската сфера. 24 волтна батерија која се наоѓала на едниот крај од бомбата била иницијалната каписла која што преку систем на проводници била поврзана со експлозивното полнење околу плутониумската сфера. Првиот и последен лет на “Дебелиот човек” започнал рано утрото на 9 август 1945 година на островот Тиниан носена од авионот Боинг Б-29 Супер воздушна тврдина.

Примарната цел на смртоносниот апокалиптичен товар бил јапонскиот град Какура, но поради микроклиматските услови и облачното време, Боингот го променил својот курс и тргнал кон Нагасаки. Бомбата експлодирала на висина од 1600 стапки над земјата а експлозијата зафатила три квадратни километри површина при што моментално загинале 40000 луѓе. Во средиштето на експлозијата човечки тела едноставно испариле во просторот.

Штетата на детонацијата предизвикала три разорни ефекти: експлозија, оган, радијација од кои радијацијата го имала најголемиот смртоносен ефект од кој што починале над 100 000 луѓе.

Деновиве со светскиот филмски хит Опенхајмер во режија на Кристофер Нолан со Килијан Марфи во главната насловна улога на филмот, во светската јавност повторно е актуелен “Дебелиот Човек” кој што од моментот на негово создавање до денес има направено непоправливи промени на текот на човечката историја.

Креирано од:


Пренеси го гласот