БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заштеда преку имплементација на енергетско ефикасни мерки на општинската зграда во Пехчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански го потпиша договорот за финансирање на проектот за реконструкција на општинската зграда сп што ЕЛС Пехчево ќе добие енергетско ефикасна зграда за поголема заштеда на пари од општинскиот буџет.

“Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го потпиша договорот за отпочнување на реализацијата на проектот за реконструкција на административната зграда на општината, со цел спроведување мерки за енергетска ефикасност.

Проектот претставува дел од стратешките заложби на општината за создавање „зелен град“ и унапредување на грижата за животната средина. Со реконструкцијата се предвидува подобрување на енергетските перформанси на објектот, намалување на потрошувачката на енергија и создавање подобри услови за работа на административните служби.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од Општината истакнуваат дека ваквите инвестиции се значаен чекор кон одржлив локален развој и подигнување на еколошката свест, а воедно ќе придонесат и за намалување на трошоците за енергија и заштита на животната средина.

Градоначалникот Китански нагласи дека општината и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон енергетска ефикасност, модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Александар Китански

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace