Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Згаснаа ветувањата за квантните скокови на Зоран Заев. Остана само ЕУ- стапот за кој што власта се уште се држи како давеник за сламка

Пренеси го гласот

Додека беше Зоран Заев премиер, секоја година во МАкедонија беше година на економски раст, квантни скоково во економијата, забрзан развој на стопанството итн. итн….

Заев можеби веќе не е премиер на хартија, но остана сведоштвото на јавноста за неговите лоши политики во изминатите некколку години.

Денес по вака успешниот “развој” на државата на полето во економијата откако народот “направи” купишта пари, Македонија со Димитар Ковачевски- поставен од Зоран Заев (во друштво со Бујар Османи и Бојан Маричиќ) забрзано чекори кон членство во Европската Унија. Според влатите почнати се преговорите кои никој не ги видел, Македонија само што не почнала да отвара поглавја, уште само треба Бугарите во уставот да влезат.

Морковот од приказната за стапот и морковот, одамна го украдоа а сега остана само стапот, па мавај по овој уплашен народ кој единствен спас бара некаде надвор од државата. За таквата состојба придонесуваат најмногу репресивните мерки на државата кои што се пред состојба на експлозија. Хаосот и паниката кои се сервираат преку провладините медиуми од една страна дозирани со “еве уште една убава вест”- пропаганда служат за заплашување на народот а владата на чело со Ковачевски и Оливер Спасовски излегуваат на медиуми и велат дека се е под контрола.

Епа не е се под контрола!

Овој народ ај што е осиромашен, ај што е урнисан економскиот систем со длабоко подриени должничко-доверителски односи, единствено банките таложат огромни наслаги на профит преку разно-разни провизии и легализиран грабеж на парите на граѓаните на грбот на народот во спрега со оваа бандитска власт во државата.

Како резултат на осиромашеното стопанство и граѓани и руинираната економска активност за годинава ќе бидат намалени драстично приходите во буџетите на владата и општините по основ на даноци со што гломазниот административен апарат ќе биде доведен пред колапс. А гладната администрација ќе има два избори: или да излезе на масовни протести да ја урне оваа ненародна власт или да замине од државата на некое друго место да работи за туѓи бели дворови.

bregalnickimarketing

Дупката во државниот буџет ќе биде толку голема што веќе и странските кредитори ќе ги затворат своите сефови за оваа грабалистичка влада.

Следува период на продолжение на општ социјален хаос со таа разлика што поедини таргет групи ќе започнат движење на се поексплицитно спротивставување на овие антинародни политики. И да репресивниот апарат ќе биде уште пожесток, прогонот и притисоците ќе се зголемат, но сето тоа е влезено во фаза на бадијалчење, затоа што на народот му е останато или да го снема или да се бори за својот достоинствен живот.

“Слобода или смрт”- паролата денеска има нова суштина.

Креирано од:


Пренеси го гласот