Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Македонскиот парламент Жаклина Пешевска во јавноста упати повик до своите колеги од СДСМ во собранието за да не се кријат зад волјата на Зоран Заев и да влезат во парламентот за да се изгласаат потребните закони за помош на граѓаните на и на стопанството во контекст на катастрофално лошите услови за живот и водење бизнис во државата како последица на пандемијата.
“ЈАВЕН ПОВИК ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ!
Како пратеник во Собранието на Република Македонија преку овој ЈАВЕН ПОВИК ги повикувам, пратениците од СДСМ уште ДЕНЕС, попладне да се собереме во Собранието и да ги изгласаме законите кои се потребни за помош на економијата и граѓаните од пандемијата. Ниту еден друг закон, нема приоритет, како законите потребни за помош на граѓаните и економијата. Не оддржувањето на ваква седница, на дело ја покажува вистината а тоа е дека, пратениците на СДСМ не сакаат да се донесат Законите за помош на граѓаните!”
-напиша Пешевска на фејсбук.