Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов започнаа активностите за имплементација на проектот за подобрување на водоснабдувањето со вода за пиење за жителите наа повеќе населени места во општината.
Станува збор за изградба на нов резервоар за вода во атарот на село Таринци со придружен цевковод со кој што значајно ќе се влијае на подобрување на квалитетот и квантитетот на вода а пиење за самите жители.
“ Денес започнуваме со реализација на проектот за изградба на нов резервоар за вода во село Таринци со капацитет од 200м3 вода и споен цевковод во должина од 1100 метри.
Проектот е финансиран од министерството за транспорт и врски и кофинансирање од страна на општина Карбинци во износ од 20%. Целиот проект изнесува 8.681.278 денари
Голем проект кој ќе значи подобрување на водоснабдувањето во селата Таринци, Долни Балван и Нов Караорман кој до сега вода добиваа од само еден резервоар. “
-соопшти Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Книгата на жалоста преместена во кочанскиот храм
Христијан Мицкоски во знак на почит се потпиша во книгата на жалост во Кочани
Отворена книга на спомени за покојните ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани