Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ја информира јавноста дека започнаа активностите за изградба на нова улица за жителите на село Козјак. Станува збор за проект за реконструирање на улица во должина од 600 метри која што е значајна за подобрување на квалитето за живеење во ова село.
“Денес започнуваме со расчистување и припрема за асфалтирање на главната улица во село Козјак. Се работи на проект со кој ќе се обезбеди целосно реконструирана улица во должина од 600м.
Ова е ветување кон жителите на село Козјак и од денес започнуваме со исполнување. “
-најави градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари