БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Значително подобрување на капацитетите на ТППЕ Свети Николе

Пренеси го гласот

Припадниците на Територијалната противпожарна единица на Свети Николе значително ги зголемуваат своите капацитети и материјални ресурси за справување со потенцијални кризи од доменот на нивната работа во финкција на граѓаните.

Денес Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев соопшти во јавноста дека е обезбедена нова техничка опрема за припатниците на ТППЕ Свети Николе. Станува збор за опремување со нови напртњачи, специјализирани заштитни чизми, облека и шлемови, метални метли за сузбивање на пожар, распрскувачи, црева, визири и друга неопходна опрема за успешно справување со пожари.

Притоа градоначалникот Владев најавува дека наскоро новата противпожарна станица ќе биде пуштена во употреба и ќе претставува вистински противпожарен дом во функција на посветената работа на самите пожарникари.

Како резултт на неговата ангажираност наскоро ТППЕ Свети Николе ќе добие и ново теренско возило за справување со пожари на отворено.

“Обезбедена е нова опрема за припадниците на ТППЕ Свети Николе.

Изградбата на новата противпожарна станица се одвива според планираната динамика.

Во наредниот период ќе се обезбеди ново теренско и противпожарно возило.

Голема благодарност до УНДП и ЦУК за помошта која е од непроценливо значење за нашата противпожарна единица.”

-соопшти Дејан Владев- Градоначалник на Свети Николе.

Креирано од:


Пренеси го гласот