Во утринската програма “Ја сакам Македонија” на телевизијата Сител со свое гостување Зоран Биковски од НВО “КХАМ” од Делчево зборуваше за проблемите кои што ги имаат нашите сограѓани кои што се приматели на социјална помош а кои што имаат блокирани сметки од страна на извршители при што не можат да си задоволат свои основни елементарни животни потреби.
Во емисијата Зоран Биковски посочи на повеќе совети за граѓаните кои што се јавија во емисијата директно со своите проблеми за тоа каде треба да се обратат и на кој начин да постапат доколку сметката им е блокирана на примателите на социјалната помош на која ги добиваат паричните сретства како социјален паричен надоместок од државата.
Целата емисија со повеќе практични совети за овие проблеми може да ја погледнете во продолжение: