Откако општина Делчево ад хок на 5 јули 2023 година објави Конкурс за доделување на општинска награда на општина Делчево за 2023 година, јавноста остана без информација дали и кому е доделена оваа награда на сега веќе изминатиот настан/и а одбележување на 7 Септември- Денот на ослободување на Делчево кога истата требаше да биде доделена.
По отсуството на информациите во јавност за тоа што се случило, дали имало пријавени номинирани лица/субјекти за наградата, дали ги исполнувале условите и зошто не е доделена наградата, на јавноста и луѓето во Делчево им останува да шпекулираат.
Одредени шпекулации одат дотаму што сугерираат дека општина Делчево со целокупната демографска и економска катастрофа која се случува нема простор за никакви награди за афирмација на Делчево во актуелните секојдневни општествени рамки во кои живеат делчевчани.
Колку и да е лоша состојбата во Делчево на генерален план, доделувањето на ваквите награди имаат за цел да го афирмираат потенцијалот на индивидуалците и фирмите за да работат и создаваат за афирмација и промоција на животот во Делчево, што беше основен мотив за востановувањето на самата општинска награда пред повеќе од 10 години. Отсуството на чинот на доделување на оваа награда треба да се промени а за тоа општинските власти треба да посветат повеќе труд и работа за промоција на самата награда како и ефектите поради кои што таа се доделуваше во минатото.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пијанец- Малеш имаат со што да се гордеат: Богатството со квалитетна модра слива е силен предуслов за одржлив рурален развој на регионот
Црква “Св.Архангел Михаил” од село Драмче била најшарена црква во своето време
Знаменитости на делчевското село Драмче: Се велело дека Драмче е поголемо од Белград…