Најновото музичко остварување на армоникашот Мишел Трајковски е насловено “Сиеста” за кое што е снимен впечатлив видео запис во кој што се појавуваат едни од најпопуларните јавни ликови во Македонија.
Игор Џамбазов како таксист, Драган Спасов Дац како домаќин, Тошо Малерот како шанкер, Џаро и Наум Петревски како жири комисија се дел од атмосферата која ја пренесува видео записот на Марјан Гавриловски.
Аранжманот за песната е дело на авторот Мишел Трајковски како и бендот на Кукиќ.
Оваа музичка нумера е дел од измешаниот фолк-џез наратив на Мишел Трајковски кој што е дел од неговата понова музичка кариера.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јееј! Доаѓа НАЈГОООЛЕМАТА новогодишна детска забава со Биби, Боби, Тина и Моника!
Бојана Скендеровски со „Тука сме“ испраќа порака дека секое дете заслужува да биде видено и слушнато
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста