БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонска Каменица сериозно атакува кон епитетот “Град на цвеќињата”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Локалните власти во општина Македонска Каменица предвдеи од Градоначалникот Димче Атанасовски уште од првиот ден од стапувањето на своите должности огромно внимание посветуваат на хуманистиките аспекти на урбанот живеење во градот. Македонска Каменица денес е еден од најдобро уредените урбани центри, со големи зелени површини, кои што восхитуваат со својот изглед и вариетети на содржини кои што овозможуваат благопријатен секојдневен живот за граѓаните.

Деновиве екипите на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица се во полна пареа ангажирани за подготовка и уредување на големи јавни површини на повеќе локации низ градот за хортикултурно уредување во наредниот период. Општината заедно со претприатието планираат да засадат огромен број цвеќиња од различни видови, со што овој град на крајниот исток во Македонија ќе биде пепознатлив пред сите други во регионот.

“✅ Поволните временски услови ги користиме за уредување на цветните леи, како подготвителна активност пред пролетната акција за засадување на цветни аранжмани за разубавување на Македонска Каменица❗

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Работиме на уредување на просторот околу пристапната патека кон трибинскиот дел на градскиот стадион во Македонска Каменица❗

✅ Поставуваме нови водомерни единици за потребите на повеќе корисници од Буќерско маало❗

✅ Спроведуваме градежни активности за изградба на нов крак од атмосферската канализација на улица Вера Јоциќ и активности за санација на постоечките одводни пропусти и затворени канали на овој дел од градот❗“

-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот