БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Џијанг Сјаојен од Пехчево: Oтворена сум за сите можности за поддршка на локалниот бизнис и туризмот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Пехчево денеска беше домаќин на висока делегација од Амбасадата на Народна Република Кина, предводена од Џијанг Сјаојен, кинеската амбасадорка во земјава. На официјалната работна средба со градоначалникот и претставниците на локалната самоуправа беа отворени теми за идна меѓуопштинска и бизнис соработка, развој на туризмот, како и реализација на конкретни проекти од значење за локалната економија.

Посетата се совпаѓа со една година од назначувањето на кинеската амбасадорка на дипломатската функција во земјава, период во кој, како што посочи таа, беа реализирани голем број размени меѓу граѓаните и поддржани бројни културни настани.

– Иако Пехчево не е голема општина, нејзиниот потенцијал е голем. Разговаравме за соработката меѓу општините, културната размена и можностите за бизнис соработка. Отворена сум за сите можности за поддршка на локалниот бизнис и туризмот, а во иднина ќе дефинираме и конкретни проекти што ќе ги реализираме со градоначалникот, Сјаојен по средбата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански нагласи дека оваа посета отвора нови хоризонти и патишта за идна соработка со Кина, што директно ќе им помогне на локалните стопанственици и на севкупниот развој на општината.

– Општина Пехчево е отворена за соработка со сите. Денешната средба е само почеток на процесот во кој, со поддршка од Народна Република Кина, ќе спроведеме бројни проекти за подобрување на локалната економија, истакна градоначалникот.

Во рамки на официјалната агенда, делегацијата го посети и Меѓународниот пингпонг камп за млади, кој деновиве се одржува во Пехчево со учество на млади спортисти и меѓународни тренери. Амбасадата на НР Кина е традиционален поддржувач на спортските и младинските иницијативи од овој тип, а амбасадорката им посака успех на младите спортски таленти

Креирано од:


Пренеси го гласот