БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Четири месеци никој не се најде повикан да ја одзатне канализацијата и измие плоштадот во Штип. Сега за промоцијата на кандидатот на СДСМ по експресна постапка тоа е направено

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатите неколку месеци плоштадот во Штип беше олицетворение на лошите локални политики на актуелните власти предводени од градоначалникот на Штип Сашко Николов.

Сега кога дојде време владеачката СДСМ да прави митинг за промоција на својот кандидат за градоначалник промптно беше плоштадот исчистен од страна на комуналните возила и екипи.

За ваквата состојба своја реакција во јавноста упати и кандидатот за градоначалник за општина Штип од Редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов кој ги разобличува партизираноста на локалната самоуправа:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ШТИП, 07.09.2021 – ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СДС

Четири месеци, родителите со мали деца се дружат во нечистотија! Четири месеци, таму има ужасен мирис, поради проблеми со канализацијата!

Или поточно, дечињата и младите родители цело лето го поминаа во смрдеа, за денес, кога треба да се случи промоцијата на кандидатот за градоначалник на СДС, најповиканото јавно претпријатие да прати екипа. Конечно, за господата од СДС да не седат во непријатно опкружување, ќе имаме измиен плоштад и одзатната канализација. А децата? Децата очигледно се колатерална штета на неодговорното менаџирање на општината и јавните претпријатија. Тие очигледно, можеле да почекаат! Е затоа ќе изгубите!”

-напиша на фејсбук Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace