Со своја реакција во јавноста во врска со квалитетот на прехрамбените продукти кои што надлежните во Министерството за одбрана ги даваат како исхрана секојдневно на Македонските војници повторно се обрати полковникот Драган Ковачки.
Тој како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период неколку пати се обрќаше кон тогашната министерка Радмила Шеќеринска со надеж дека ќе превеме нешто во врска со овој очигледен проблем, но попусто. Сега со оваа реакција Ковачки се обраќа и кон актуелната нова министерка за одбрана Славјанка Петровска и кон претседателот Стево Пендаровски:
“Се’ уште молк од Министерството за одбрана за случајот со месото со кое ја хранат војската. Од Шекеринска не очекував сама за себе да си каже дека била корумпирана и дека не се грижела за здравјето на војниците, но молкот од новиот министер Славјанка Петровска е потврда дека токму тоа е во прашање. Молчи и врховниот командант Пендаровски, за кого е очигледно дека не го интересира како му ја третираат војската. Нелегитмината Влада е далеку од НАТО стандардите кои ги спомнува само кога треба политички да профитира. *Не можат ниту домашните стандарди да ги запазат. Затоа што се неспособни и криминални!”
-соопшти Драган Ковачки преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина
Лимани: Приоритет на новиот Национален акциски план е намалувањето на детската сиромаштија и воведување на Европската детска гаранција
Уставниот суд ја продолжува соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје