БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Македонска Каменица го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови

Пренеси го гласот

Како дел од предвидените активности на Проект за воспоставување на one-stop-shop за подобрување на енергетската ефикасност, во станбениот сектор, во рамки на проектот OSS HABITAT Општина Македонска Каменица ги известува заинтересираните заедници на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради дека е продолжен рокот за поднесување апликации на Јавниот повик за субвенционирање за изработка на проектна документација, поставување енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување.

Новиот краен рок за поднесување на апликациите е 21 септември 2026 година, до 15:30 часот.

Одлуката за продолжување на рокот следува по барање на заедниците на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради управувани од управители, поради потребата од дополнително време за комплетирање на потребната документација за аплицирање.

Јавниот повик се реализира во рамки на проектот „Енергетско Ефикасни Домови“, преку кој Општина Македонска Каменица обезбедува финансиска поддршка во висина од 40% од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 1.000.000 денари за секоја одобрена апликација.

Преостанатите средства, во висина од минимум 60% од вкупната вредност на инвестицијата, ги обезбедуваат сопствениците на посебните делови во станбената зграда.

Право на учество имаат заедниците на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради управувани од управител на станбена зграда на подрачјето на Општина Македонска Каменица, кои ги исполнуваат условите утврдени со Јавниот повик.

Апликацијата и потребната документација се доставуваат во Архивата на Општина Македонска Каменица, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, или по пошта на адреса:

ул. „Каменичка“ бр. 2
Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги повикува заинтересираните заедници на сопственици да го искористат продолжениот рок и навремено да ја комплетираат и достават потребната документација.

Линк до јавниот повик.

Линк до потребната документација.

Креирано од:


Пренеси го гласот