Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево предводени од Претседателот Сашко Ивановски и пратеникот во Македонскиот парламент Миле Лефков во текот на вчерашниот ден ги посетија и се сретнаа со повеќе жители на делчевското село Габрово.
Во рамки на средбите жителите на ова живописно пијанечко село имаа можност да ги афирмираат своите секојдневни проблеми со кои се соочуваат како и потребите кои ги наметнуваат актуелните повеќе од кризни состојби како во општината така и во самото село.
Ок ОК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овие средби пренесоа своја информација преку социјалните мрежи која ја објавуваме во целост во продолжение:
“За жителите на село Габрово, “животот” на Зоран Заев донесе само сиромаштија, понижувања и порази.
Голем дел од жителите на селото Габрово во изминатите години по занимање станаа гастарбајтери. Голем дел од нив се поретко се враќаат во својот роден дом поради севкупните состојби во нашата општина и во државата…Ваквиот тренд мора да запре!
Потребен е длабок ресет на целокупните прилики за живот во нашата општина.Денеска Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Sasko Ivanovski, заедно со пратеникот во Македонскиот парламент Миле Лефков и членови на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево го посетивме селото Габрово каде имавме можност да поразговараме со жителите на ова село, за нивните секојдневни потреби и проблеми.
Едногласно нашите соговорници се согласни дека актуелните власти во владата и во локалната самоуправа се убедливо најлошите во досегашното 30 годишно опстојување на независна Република Македонија. На наредните избори правецот за ваквата власт е веке познат.Време е на Делчево да му тргне на добро.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): За Димитар Поп Георгиев Беровски
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право