На еден од штандовите на политичката партија Левица на кој се делеа флаери со кои се повикуваа граѓаните да се потпишуваат за претседателскиот кандидат на Левица Билјана Ванковска, можеше да се забележи и Мери Георгиевска- ќерка на поранешниот Претседател на Македонското Собрание писател и режисер Љубиша Георгиевски.
Голем број на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ особено оние од постарите генерации кои што се сеќаваат на грандиозноста на Љубиша Георгиевски и неговата борба во рамки на ВМРО-ДПМНЕ во минатото против ненародните политики на СДСМ, со негодување ја примија ваквата вест, особено што во денешни услови Левица како политичка партија го ситни опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ преку политички флоскули кои дијаметрално се спротивни од политичките убедувања на нејзиниот татко.
Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуелци кој што својот целосен личен кредибилитет и знаење ги стави во функција на слободна и независна Република МАкедонија како демократско општество налик на западните демократии, додека Левица како политичка партија се залага на авторитарниот комунистичко-социјалистички режим налик на Енвер Хоџа, Сталин, Тито и сличните како нив комунистички диктатори.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наезда на употребени кондоми и влажни марами ја сардиса општина Делчево речиси на сите скришни патишта за пристап кон градот и селата
Изненадување или вчудоневиденост: Делчево и пијанечкиот регион под снежна прекривка
Вчера си го удрив палецот од ногата во ивичњак на улица. Барам од владата….