По шокантните информации кои произлегоа од синоќешниот митинг на Стево Пендаровски кога од страна на говорник на митингот беше упатена брутална наврда кон Професорката Гордана Силјановска Давкова, денеска Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ го повика Стево Пендаровски да се извини за ваквата постапка.
Ковачки од Пехчево ја упати следната видео порака:
“Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.
Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.
Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.”
-рече Ковачки во својата видео порака упатена до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ја зајакнуваат соработката со Меморандум и билатерална средба во Сараево
40 годишник од Кочани доби кривична пријава за нанесена телесна повреда врз неговата сопруга
Нов јавен повик за граѓанските организации во Општина Берово!