Има многу луѓе љубители на книгите и пишаниот збор, но не сакаат да читаат поезија. Можеби затоа што не можат комплетно да ја разберат, или да се соживат со емоциите на самиот автор. Но има неколку збирки на поезија кои ќе ве потикнат да се вљубите во поезијата без никакви пречки, напротив ке ве заинтересираат да прочитате уште многу од таков тип.
- „Сакај ја диво“ (Love Her Wild) – Атикус
- „Магијата во која се претвора моето тело“ (The Magic My Body Becomes) – Џес Рискала
- „Долг пат“ (Long Way Down) – Џејсон Рејнолдс
- „Принцезата се спасува сама во оваа приказна“ (The Princess Saves Herself in This One) – Аманда Лавлејс
- „Улична љубов“ (Street Love) – Волтер Дин Мајерс
Значењето на одмаздата, посветеноста на авторот, реални бајки преполни со стари витези,како да живеете со себе, како да го одберете најдоброто,празнини кои треба да се потполнат, најситните и најчистите моменти на една љубов, за раните, довербата и разбирањето, за надежта… Сето ова во поезијата на овие автори кои ќе ви го одземат здивот, а ќе ви го хармонизираат сонот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јееј! Доаѓа НАЈГОООЛЕМАТА новогодишна детска забава со Биби, Боби, Тина и Моника!
Бојана Скендеровски со „Тука сме“ испраќа порака дека секое дете заслужува да биде видено и слушнато
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста