Со интензивна и посветена работа локалната власт на малата рурална општина реализира големи проекти. Во прилог на изградбата на новата пречистителна станица за вода за пиење во КАрбинци, во тек е изградба на нов армирано-бетонски потпорен ѕид кој ја обезбедува стабилноста и заштитата на станицата од надворешни влијанија, но и создава рамка за изградба на новата пристапна сообраќајница која што ќе ја опслужува станицата за нејзината функционалност.
Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска во свое соопштение упатено до јавноста ја афирмираше реализацијата на овој значаен капитален проект кој значително ќе ја подобри состојбата со стандардите за живот во општината Карбинци. Изградбата на оваа пречистителна станица за граѓаните на Карбинци ќе значи стоп за проблемите кои што г имаат со водоснабдување за свои секојдневни потреби.
“
Се работи на нов потпорен ѕид на причистителната станица со што дополнително ќе се осигура стабилноста на местото и патот кој е веќе во изградба.
Наскоро ќе следува и завршната фаза во делот на пристапниот пат каде ќе се асфалтира во должина од 1.6км.
“
-информиаше градоначалникот Виктор аунов во јавноста за овие тековни активности.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уапсен 50 годишен граѓанин на Штип кој се заканувал и физички ја нападнал својата сопруга
ЈЗУ “Гоце Делчев” Делчево со значајни инвестиции од Владата, претендира да биде регионален здравствен центар за повеќе општини во иднина
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста