Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за директните плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.
Со исплатата се опфатени 35 баратели со вкупна финансиска поддршка од 80.6 милиони денари.
Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.
,,Со оваа исплата започнуваме со сеопфатна исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Во следните денови ќе се реализираат исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства” – појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ја зајакнуваат соработката со Меморандум и билатерална средба во Сараево
40 годишник од Кочани доби кривична пријава за нанесена телесна повреда врз неговата сопруга
Нов јавен повик за граѓанските организации во Општина Берово!